| четврток, 6 декември 2018 |

Брисел: Посетата на Рама на Белград е пресврт

Посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Србија претставува пресвртница во односите меѓу двете земји, изјави синоќа за Танјуг Маја Коцијанчич, портпарол на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.
– Очекуваме двајцата лидери да покажат обновена одлучност и политичка храброст да се свртат кон иднината и по многу години повторно да воспостават односи, порача таа по средбата меѓу Рама и премиерот на Србија Вучиќ во Белград.
Коцијанчич констатираше дека посетата на Рама претставува нов придонес во регионалниот дијалог меѓу земјите од Западен Балкан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top