Отсекогаш било дилема дали е подобро да се вежба на празен или полн стомак. Најновите истражувања покажаа дека вежбањето во утринските часови на празен стомак дава поголеми резултати отколку вежбањето подоцна во денот. Ако секогаш брзате наутро, сигурно можете да одвоите 20 минути за да ја постигнете посакуваната форма на вашето тело.
Зошто да вежбате наутро?
Постојат повеќе причини зошто вежбањето во раните унтрински часови е одлично. За почеток, ако го оставите вежбањето за подоцна, другите обрвски може да ви го пополнат денот. Исто така докажано е дека луѓето кои вежбаат наутро имаат помала желба за храна во текот на денот. Уште една причина е тоа што вежбањето наутро ви ја зголемува енергијата и ви ја подобрува функцијата на мозокот. А најголема причина е тоа што утринските вежби согоруваат 20 отсто повеќе калории од попладневните.
20 минутни вежби
- Кардио вежби
Кардио вежби се оние кои ги правите без пауза. 20 минути трчате во место, скокате или правите брзи клекнувања. Потрудетете се да го извадите максимумот од себе.
- Зумба
Пуштете го вашето омилено зумба видео и почнете да играте. Со зумба освен што трошите калории, добро ќе се забавувате.
- Возење точак
Почнете со најмала брзина за да ги загреете мускулте и возете така 7 минути Останатите 13 минути возете ги со најголема брзина.
- Јога
Со 20 минутно јога вежбање освен што ќе ги намалите масните наслаги, ќе се ослободите од стресот и ќе ја зголемите енергијата и концентрацијата преку целиот ден.
Дали 20 минути вежбање е доволно?
20 минутно утринско вежбање секој ден е доволно за да го постигнете резултатот што го сакате. Секако, ако сакате резултатите да ги видите побргу, потребно е да внимавате и на вашата исхрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.