Џерид Вилсон е сопруг, татко, автор и блогер. На својот блог тој јавно го пишува текстот со наслов „Се состанувам со девојка иако сум женет“.
Многумина би рекле дека тоа звучи ужасно и веднаш би го осудиле. Но, треба да ја прочитате неговата приказна. Иако не верувате, бидете сигурни дека ќе ве освои.
– Таа е неверојатна девојка. Убава е, паметна, силна и има неверојатна верба во Бог. Сакам да ја носам на вечера, во кино, да излегуваме на кафе и секогаш ѝ кажувам колку е убава. Не можам да се сетам кога последен пат сум ѝ бил лут подолго од 5 минути. Нејзината насмевка знае да ми го разубави денот, без разлика на околностите. Понекогаш доаѓа да ме посети на работа, ненајавено. Ми подготвува неверојатен ручек, а понекогаш ме изненадува и со колачиња кои сама ги направила. Не можам да поверувам колку сум среќен што се состанувам со некоја толку прекрасна, и покрај тоа што сум женет. Топло ви препорачувам и вие да го пробате тоа и да видите што може да направи во вашиот живот. Ох, а дали ви спомнав дека девојката со која се состанувам е мојата сопруга? Па, што друго очекувавте? Само затоа што сте венчани, не значи дека вашиот живот со состаноци завршува. Морав да продолжам да се состанувам со мојата сопруга иако се оженив со неа. Заведувањето и освојувањето меѓу нас не смее да престане само затоа што сме рекле „Да“. Често забележувам дека многу љубовни врски умираат затоа што престануваат да се заведуваат и освојуваат.
Состанувањето е време кога можеш многу да научиш и да откриеш за другата личност, и тоа на посебен начин. Зошто воопшто би сакале да престане тоа? Не треба. Оние пеперутки кои ги имавте на првиот состанок не треба да одлетаат само затоа што поминале години.
Будете се секој ден и заведувајте се меѓусебно како да сте на првите неколку состаноци. Ќе забележите драстична промена на подобро во врската, односот и бракот.
Комуникацијата и освојувањето се клучот за успешна врска. Никој не сака да биде во врска со некој што не сака постојано да го заведува и освојува.
Ве охрабрувам да почнете да се состанувате со вашите венчани партнери, да се заведувате, грижите и освојувате. Покажувајте ја љубовта секојдневно- напишал тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.