| четврток, 6 декември 2018 |

Бритни се пофали со новото момче (Фото)

бритни

Чарли Еберсол (31) е новото момче на поп принцезата. Таа ја потврди врската токму со ова прво селфи кое го објави на својот Инстаграм профил.

Бритни Спирс (32) објави селфи фотографија со новото момче, а во описот додаде само едно срце. Набрзо по неа и Чарли ја сподели истата фотографија под која напиша „среќа“.

Пред Чарли, пејачката беше во сериозна врска со Дејвид Лукадо, но со него ги заврши романтичните моменти во август, откако дозна дека ја изневерил.

Со Еберсол се запознала преку пријател, а врската им трае неколку недели.

– Тој е многу мил и двајцата уживаат додека се запознаваат еден со друг – изјави пријател на двојката.

Чарли во минатото го поврзуваа со Марија Шарапова и Софија Буш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top