| четврток, 6 декември 2018 |

Иран успешно тестирал копија на американскиот дрон?

International Mine Countermeasures Exercise 2013 off coast Bahrain

Иранските власти соопштија денеска дека копијата на американското беспилотно летало, кое е соборено во 2011 година над нивна територија, успешно го извршила првиот пробен тест.

Техеран во декември 2011 година заплени американски дрон RQ-170 Сентинел, додека се наоѓал во иранскиот воздушен простор, веројатно испратен во мисија да ги шпионира нуклеарните објекти.

Иран смета дека успеал да преземе контрола врз ова летало со висока технологија и тоа било принудно спуштено во пустината, каде е пронајдено речиси недопрено. Од друга страна, Вашингтон тврди дека дронот се урнал поради технички проблеми.

Техеран во мај соопшти дека ирански инженери успешно изработиле копија на американскиот дрон и наскоро ќе биде тестирана.

Иран произведува беспилотни летала од 2010 година, а Министерството за одбрана тврди дека тие можат да истрелаат гранати на оддалеченост поголема од 1.000 километри

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top