Некогашниот голман на Црвена Звезда и на Динамо Загреб, Томислав Ивковиќ, на интересен начин за српските медиуми, го најави фудбалското дерби меѓу Хрватска и Србија, од нашата А квалификациска група, што ќе се игра на 22. март во Загреб.
Запрашан што мисли за репрезентацијата на Србија, тој одговори: „Слична е на селска задруга. Србите конечно мора да одлучат што сакаат во фудбалот и да создадат култ кон репрезентацијата. Не ми е јасно како не постои љубов и почит кон националниот дрес. Постојано сте во некакви кавги“
Ивковиќ бранеше за Црвена Звезда од Белград и добро ги познава состојбите во српскиот фудбал. Моментно тој е тренер на хрватскиот прволигаш Локомотива од Загреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја


