Меморандум за соработка по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против фашизмот и антисемитизмот, денеска во Скопје потпишаа Еврејската заедница во Република Македонија, Институтот за културно и духовно наследство на Албанците-Скопје, Институтот за национална историја – Скопје и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.
Потишувањето на меморандумот во просториите на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонијам го поздрави амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс за кој рече дека преку него се дава можност да се влијае во решавање на проблемот кон омразата, насилството и теророт.
– Кога зборуваме за холокаустот, претседателот Обама рече дека гласот на тие кои беа убиени, не предизвикува да не заборавиме со зборовите „никогаш повеќе“. Тоа е предизвик за сите нас како личности да ја елиминираме омразата од нашите срца и од нашите глави. Тоа може да биде тежок процес. Многу е лесно да гледаме назад и да говориме за насилствата и за непријателствата, но во секојдневниот живот е предизвик да се прашаме дали сме ние дел од проблемот во нашето општество, во нашите држави, истакна Волерс.
Понекогаш омразата, додаде Волерс, е гласна и варварска како што е Ирак и Сирија, но некогаш е тивка, како што рече, бидејќи е вклучена и расте во самите заедници и не секогаш мора да бидат гласни екстремисти за да се прошири омразата.
Според Скендер Асани Директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, овој ден не е само важен да се потсетиме на болката и последиците кои ги оставила оваа идеологија, туку и за да се привлече вниманието на тоа колку е кршлив светот денес.
– Додека се потсетуваме со болката на Кристалната Ноќ од 9 ноември 1938 година, не можеме да не забележиме дека идеологиите за етничко чистење во светот не прекинале со постоење дури ниту еден ден после таа страшна ноќ, рече Асани.
Директорот на Холокаустот во Македонија Горан Садикарио во своето обраѓање рече дека Македонија од дамнешни времиња па и денес е земја на чие тло се судруваат и заеднички егистираат различни култури, етникуми и религии.
– Сите етнички заедници вклучително и мнозинскиот народ се карактеризираат со своја сопствена култура, креирана во зависност од културната историја на групата. Соживотот кој е придобивка за нас младите генерации од минатото е она кое треба да го негуваме и пренесеме на идните генерации, додаде Садикарио.
Целта, рече тој, не е пораката која ќе ја испратиме преку изучување на трагичните настани од минатиот век, туку да ги поттикнме младите генерации да не го заборават холокаустот и преку искуствата од него, да бидат поборници и промотори на соживот и антидискриминирачки политики.
Со потпишувањето на Меморандумот за соработка и официјално ќе започне проектот „Соочување со минатото-цивилна храброст во опасните врамиња“. Овој чин, според организаторите, претставува признавање на заедничка желба за спречување, справување и превенција на омраза и насилство кон која било етничка или верска група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Чуден е овој соживот кога на националната арена ни извикуваат “Мртов каур, добар каур” и “Обединета Албанија” (видео)
-
Димитар Николов-Таки: ДФРМ и Агенцијата за филм имаат за цел да создадат лажна слика дека основниот претставник на филмските професионалци
-
Тренерите од поранешна Југославија потпишаа меморандум за соработка
-
Македонија и Кина ќе потпишат меморандум за соработка во областа на трудот и на социјалната сигурност