
Со цел за подобро информирање на јавноста а и за избегнување на хистерија и креирање вести за поголема читаност од страна на медиумите имаме обврска да Ве информираме за она што денеска во утринските часови се случуваше на една од кулите на Владата на РМ. Како дел од тимот задолжан за реконструкција на фасадата, ве информираме дека немало никакви пожари, ниту пламени јазици, ниту масовна хистерија, велат во соопштението „МаТео Дизајн“.
„Причината е поставувањето на хидроизолацијата за партерното уредување околу владата од страна на фирма која е задолжена за таа фаза. Бидејќи за поставување на хидроизолација се користи бренер лампа со отворен оган, дошло до контакт со електричната инсталација за илуминација на фасадата и дел од внатрешната изолација на фасдата (теревол и гума за звучна изолација). Тоа довело до димење на внатрешниот дел од кулата. Надворешниот дел од фасдата – декоративните елементи како и Магнум борд плочите (MagnumBoard) не претпрпел никакви промени ниту е зафатен од истиот процес. При интервенцијата на пожарникарските служби,, а со цел потемелно справување со ситуацијата, мораше физички да биде отстрнет дел од фасадата за што подобар пристап до внатрешноста на фасадниот систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


