Косово е дел од Србија и никогаш нема да биде во Албанија, рекол српскиот премиер Александар Вучиќ во обраќањето во живо пред Палатата на Србија после разговорите со албанскиот премиер Еди Рама.
Вуќиќ истакна дека нема да дозволи никој да ја понижува Србија сред Белград, а потоа објасни дека Рама предизвикал инцидент споменувајќи го Косово во текот на разговорите, што инаку не било наведено во планот за посетата, и со тоа ја изгубил довербата на домаќините и постапил спротивно на строгите правила на протоколот.
Вуќиќ во присуство на Рама рече дека не очекувал од него таква провокација и тоа дека албанскиот премиер го споменал Косово и додаде дека не знае всушност какви врски има тој со Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Рама гаѓан со чевел: Го нападнале демонстранти, полицијата спречила поголем инцидент (Видео)
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија


