| четврток, 6 декември 2018 |

Излезе компактен диск од минатогодишниот велигденски концерт

На големо задовоство на македонските верници и на братството на Бигорскиот манастир и сестринството во Рајчица, деновиве излезе нов компакт диск со духовна музика „Страдањата Господови“’, од концертот кој се оддржа на 25 април 2013 во Универзалната сала во Скопје.

Panorama1

Оваа прекрасна, духовна, музичка манифестација со избрани стихири од Страсната седмица, беше реализирана во соработка со Македонската Филхармонија, Министерство за Култура и Горила Продукција, а во изведба на познатиот поп пејач Димитар Андоновски, нашата драга гостинка од Грција, реномиран изведувач на византиски песни, Нектарија Каранѕи, монахиња Касијана и хорот на Бигорскиот манастир.

IMG_3276

Со неа Бигорската обител и неговите соработници одбележаа два значајни јубилеи – 1.700 лета од објавувањето на Миланскиот едикт на светиот и благоверен цар Константин Велики, со кој најпосле престана гонењето на светата Христова Црква и 1.150 лета од славната богоблагословена Моравска мисија на нашите родоначалници и најсвети татковци, светите рамноапостолни и сесловенски учители и просветители, Кирил и Методиј.

Stradanjata

DSC_5628

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top