Триесетгодишниот принц Хари им признал на пријателите дека мора што побрзо да се ожени, бидејќи се плаши дека статусот на неоженет ќе му ја загрози кариерата во војска.
Тој ја носи титулата капетан од 2011 година, но се надева дека наскоро може да добие унапредување во мајор. Но, за тоа му е потребна жена, бидејќи вакво унапредување добиваат фамилијарни луѓе со жена и деца.
– Морам да се оженам ако сакам да останам во војска. Мислам дека нема да можам да напредувам ако не сум оженет. Да се биде жена на војник може да биде тешко, особено ако тој многу патува како мене – им рекол Хари на своите пријатели, пренесува „Сандеј пипл“.
Хари тргнал во Кралската воена академија во 2005 година, а еден негов колега за овој весник изјавил дека време е Хари да се ожени.
– Многу момци со кои Хари дојде во војска се веќе оженети. Тој е меѓу малкубројните кои и понатаму го држат тој статус. Хари сака да се ожени, но сака да најде некоја која ќе ја сака, и која ќе може да се носи со притисокот дека е во брак со позната личност кој е и војник – рекол неговиот колега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Маки на кралското семејство: Меган ќе открие колкаво е богатството на Хари, ќе испливаат тајни криени со години
-
Драма на небото: Трудната Меган и принцот Хари биле во авионот кога пилотот донел итна одлука
-
Принцот Хари донесе неочекувана одлука за животот на нероденото дете
-
Меган Маркл не ни сонувала дека ќе наиде на вакви проблеми!