| четврток, 6 декември 2018 |

Водачот на ИСИЛ имал среќа, убиен неговиот помошник

Помошникот на водачот на ИСИЛ, Абу Бакр ал-Багдадија, е убиен во воздушен напад кај ирачкиот град Фалуџа, објави денеска ирачката државна телевизија.

abu-bakr-al-bagdadi-foto-ap-1415618504-588607

Ирачката телевизија го идентификувала убиениот како Абу Хутхаифа ал-Јамани.

Ројтерс наведува дека засега не е возможно да се потврди неговата смрт ниту дали Јамани навистина бил помошник на Багадади.

Постојат контрадикторни извештаи за судбината на водачот на ИСИЛ после американските воздушни напади врз позициите на овие екстремистички организации на најмалку две локации во Ирак.

Мајорот Кертис Келог, кој е портпарол на централната команда на американската војска изјави дека не може да ги потврди извештаите од медиумите дека Багдади е ранет во бомбрадирањето на Мосул на север и ал-Каим на западен Ирак. Во нападите може да се убиени или ранети некои од неговите пошници кои биле собрани на состаноци кои биле цел на бомбардирањата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top