Викендов Тајзи снимаше видео запис за неговата нова песна која ја работеше во соработка со диџеј Ивајо. Во брз, модерен ритам, новиот сингл на Тајзи „Дај ми само ден“ ќе биде промовирана со спотот за неколку дена.
Видеото се снимаше на повеќе локации во и околу Куманово, а сценариото располага со многу статисти, група на моторџии познати како „Индијанс“, а главните улоги ги играат Тајзи, Ана Гавриловска и Игор Ѓуро Петковски. Во реализација на Иноватива Груп, Дарко Манасијески се потпишува како режисер на истиот.
Новата „Дај ми само ден“ на Тајзи воедно ве потсетува дека следува и неговиот прв, солистички концерт кој ќе се одржи во Универзалната сала, на 29.11.2014 (сабота), со почеток во 20:00 часот.
Периодов Тајзи неуморно се спрема за концертот со неговиот бенд за журка која не треба да се пропушти. Картите се во продажба во ограничен број, по цена од 250 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Тајзи промовира нов спот (видео)
-
„Омилена“ на Тајзи летово на балканските радио станици
-
Малкумина знаат дека Тајзи бил успешен кошаркар: Дали ги препознавате трите кошаркари на Куманово во сликата на Тајзи?