Албанскиот премиер Еди Рама пристигна во Белград и се сретна со премиерот на Србија, Александар Вучиќ со кој имале разговор во четири очи. Во меѓувреме, утрово на Косово осамнаа билборди на кои пишува „Добредојде премиере Вучиќ“.
Еди Рама стигна пред Палатата на Србија, кадешто се сретна со Александар Вучиќ. Како што протоколот налага, Рама се поклони пред српското знам после интонирањето на двете химни.
Исто така, во сите српски општини на Косово рано утрово осамнаа билборди со поддршка за премиерот Вучиќ.
На големи билборди се испишани пораки: „Добредојде премиере Вучиќ“ и „Ние имаме еден премиер-Вучиќ“.
Претходно, поради инцидентот со дронот на фудбалскиот меч помешу Србија и Албанија, посетата на Рама беше одложена од 22 октовмри за 10 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Рама гаѓан со чевел: Го нападнале демонстранти, полицијата спречила поголем инцидент (Видео)
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија