| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Оливер Зафировски: Секоја болест има своја клима

Има де­но­ви ко­га ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то е че­ти­ри­па­ти по­го­ле­мо од доз­во­ле­но­то. По­ра­ди тоа де­ца­та че­сто до­би­ва­ат оп­струк­ции, на­па­ди на аст­ма, брон­хоп­нев­мо­нии. Во тој пер­и­од се пре­по­ра­чу­ва да би­дат до­ма и да вне­су­ва­ат ви­та­ми­ни и све­жа хра­на. При­ма­ри­ус д-р За­фи­ров­ски пре­по­ра­чу­ва и про­ше­тки на по­ве­ќе од 600 ме­три над­мор­ска ви­со­чи­на за да се из­бег­нат смо­гот и маг­ла­та, кон­су­ми­ра­ње здра­ва хра­на, а си­те, со свој ли­чен при­мер, со ко­ри­сте­ње ја­вен пре­воз, мо­же да при­до­не­се­ме во на­ма­лу­ва­ње на за­га­де­но­ста на воз­ду­хот.

Отка­ко пад­на маг­ла­та во Скоп­је, да­ли се зго­ле­ми бро­јот на па­ци­ен­ти на Ин­сти­ту­тот по бе­ло­дроб­ни за­бо­лу­ва­ња кај де­ца­та „Коз­ле“?

За­фи­ров­ски: Пр­ва­та маг­ла пад­на уште на по­че­то­кот на октом­ври, мно­гу по­ра­но од во­о­би­ча­е­но и со тоа вед­наш се зго­ле­ми бро­јот на па­ци­ен­ти во „Коз­ле“. Но, мо­ра да се спо­ме­не и ова – поп­ла­ви­те во Бос­на и Хер­це­го­ви­на, Ср­би­ја, Хр­ват­ска, Бу­га­ри­ја вли­ја­еја да се сме­ни би­о­све­тот во око­ли­на­та, та­ка што ние имав­ме зго­ле­мен број па­ци­ен­ти уште во те­кот на ле­то­то. Тоа се одол­жи во сеп­тем­ври, а со па­ѓа­ње на маг­ла­та и со ни­ска­та тем­пе­ра­ту­ра на­ша­та ин­сти­ту­ци­ја, бу­квал­но, е пре­пол­на и не­ма сло­бод­ни кре­ве­ти. Освен хос­пи­тал­ни­те бол­ни, се зго­ле­му­ва и бро­јот на де­ца што се­којд­нев­но до­а­ѓа­ат во на­ша­та уста­но­ва да на­пра­ват прег­лед и да по­ста­ви­ме ди­јаг­но­за и да да­де­ме со­од­вет­на те­ра­пи­ја. 

Во ва­кви вре­мен­ски окол­но­сти пр­ви на удар се бе­би­ња­та и де­ца­та. Што би им пре­по­ра­ча­ле на ро­ди­те­ли­те, ка­ко да ги за­шти­тат де­ца­та?

За­фи­ров­ски: Неж­ни­те диш­ни па­ти­шта на де­ца­та не мо­жат да му одо­ле­ат на за­га­ду­ва­ње­то, кое е прем­но­гу то­ксич­но за нив. Има де­но­ви ко­га ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то е че­ти­ри­па­ти по­го­ле­мо од доз­во­ле­но­то. По­ра­ди тоа де­ца­та че­сто до­би­ва­ат оп­струк­ции, на­па­ди на аст­ма, брон­хоп­нев­мо­нии. Во тој пер­и­од се пре­по­ра­чу­ва да би­дат до­ма и да вне­су­ва­ат ви­та­ми­ни и све­жа хра­на. Са­мо та­ка на­ши­от иму­но­ло­шки си­стем ќе би­де под­го­твен да се из­бо­ри со смо­гот и со ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то. 

Освен маг­ла­та и ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то, да­ли и ло­ша­та ис­хра­на е при­чи­на за зго­ле­ме­на по­ја­ва на алер­гии?

За­фи­ров­ски: Мо­рам да ја поз­дра­вам кам­па­ња­та за здра­ва хра­на што ја поч­на Вла­да­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Сме­там де­ка тре­ба­ше да се поч­не мно­гу по­о­дам­на, но ни­ко­гаш не е доц­на. На­ви­ки­те за ис­хра­на­та кај де­ца­та се соз­да­ва­ат мно­гу ра­но. Во на­ша­та зем­ја, на­ви­сти­на, има здра­ва хра­на. Тоа не е са­мо на­ше мис­ле­ње, ту­ку и на мно­гу на­ши ко­ле­ги, до­кто­ри што до­а­ѓа­ат од странс­тво. Тие се из­не­на­де­ни од мож­но­ста да кон­су­ми­ра­ат здра­ва хра­на. За­тоа де­ца­та од нај­ма­ли мо­ра да има­ат на­ви­ка да се хра­нат здра­во, а тоа, пред сѐ, за­ви­си од ро­ди­те­ли­те. За­тоа јас ги со­ве­ту­вам ро­ди­те­ли­те се­ко­гаш ко­га ќе мо­жат до­ма да зго­тват ру­чек, ме­сто да се пој­де во ре­сто­ран и да се кон­су­ми­ра бр­за хра­на. Ста­ти­сти­ка­та по­ка­жу­ва де­ка Ма­ке­до­ни­ја вле­гу­ва во опас­на зо­на ка­де што има зго­ле­мен број де­бе­ли де­ца, што не би­ло слу­чај по­ра­но. Тоа вли­јае ло­шо на здрав­је­то и e до­пол­ни­те­лен то­вар за оп­штес­тво­то. Се­ка­де во све­тот има кам­па­ња за здра­ва хра­на. Во ос­но­ва, во бр­за­та хра­на не­ма ни­што ква­ли­тет­но и се­ко­гаш, ко­га има мож­ност, тре­ба да се ја­де до­маш­но зго­тве­на хра­на.

Ка­ко да се за­шти­тат де­ца­та, но и во­зрас­ни­те, што им пре­по­ра­чу­ва­те во овие сту­де­ни и маг­ли­ви де­но­ви?

За­фи­ров­ски: Мо­ра да има­ме на­ви­ка да се за­шти­ти­ме. Ко­га има маг­ла, тре­ба да се из­бег­ну­ва да се тре­ни­ра на отво­рен про­стор. Утрин­ско­то тр­ча­ње е и тренд, но во маг­ли­ви­те утра, тр­ча­ње на ке­јот на Вар­дар не е пре­по­рач­ли­во. То­гаш има зго­ле­ме­но ко­ли­чес­тво вла­га, а тоа до­пол­ни­тел­но ги оп­то­ва­ру­ва на­ши­те бе­ли дро­бо­ви и прет­ста­ву­ва мож­ност за по­ја­ва на бо­лест. Маг­ла­та и ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то вли­ја­ат ло­шо на хро­нич­ни­те бол­ни. Спо­ред европ­ска­та еко­ло­шка аген­ци­ја, има шест ам­би­ен­тал­но мер­ли­ви стан­дар­ди за до­ка­жу­ва­ње на ае­ро­за­га­де­ност. Тоа се: озо­нот, сул­фур­ди­о­ксид, азот­мо­но­ксид и ди­о­ксид, јаг­ле­род­мо­но­ксид, ПМ че­стич­ки­те, кои се мно­гу то­ксич­ни и, на­ви­сти­на, вли­ја­ат на здрав­је­то на лу­ѓе­то, од­нос­но вли­ја­ат на неж­ни­от епи­тел на бе­ли­те дро­бо­ви. Под дејс­тво на овие га­со­ви, епи­те­лот се оште­ту­ва и ста­ну­ва отво­рен за ба­кте­рии, ви­ру­си и за ми­кро­ор­га­низ­ми што го на­па­ѓа­ат ор­га­низ­мот. И здра­ви­те лу­ѓе има­ат ма­ка ко­га има зго­ле­ме­на ко­ли­чи­на на ае­ро­за­га­ду­ва­ње. Скоп­је е во кот­ли­на и не­ма дви­же­ње на ве­тро­ви. Са­мо ве­те­рот мо­же да ја рас­те­ра маг­ла­та. Со не­кон­тро­ли­ра­но ѕи­да­ње згра­ди се соз­да­доа ми­крок­ли­мат­ски ус­ло­ви и не­ма дви­же­ње на ве­тер и маг­ла­та оста­ну­ва мно­гу дол­го. Ако се ка­чи­ме на Вод­но, на по­ве­ќе од 600 ме­три над­мор­ска ви­со­чи­на, маг­ла­та ја не­ма. Се­ко­гаш ко­га сме во мож­ност, тре­ба да го на­пу­шти­ме гра­дот.

Ка­кво е Ва­ше­то мис­ле­ње за тоа до­кто­ри­те да би­дат вклу­че­ни во ко­ми­си­и­те што ре­ша­ва­ат за град­би­те, нив­на­та ви­си­на и ме­сто­по­лож­ба?

За­фи­ров­ски: До­кто­ри­те, се­ка­ко, би по­мог­на­ле и би ука­жа­ле со со­ве­ти. Тоа е во ин­те­рес на си­те нас. Тоа што де­нес ќе го уни­шти­ме, те­шко мо­же да го по­пра­ви­ме. Во Ма­ке­до­ни­ја сѐ уште има про­стор за тоа пре­ку ста­ва­ње еко­ло­шки фил­три на си­те ин­ду­стри­ски за­га­ду­ва­чи, про­ме­на во ур­ба­ни­стич­ки­те пла­но­ви. Глав­ни­от ае­ро­за­га­ду­вач се авто­мо­би­ли­те. Од ди­зел-мо­то­ри­те до­а­ѓа нај­го­ле­мо­то ае­ро­за­га­ду­ва­ње во Скоп­је. Ко­рис­но е да се ко­ри­сти јав­ни­от пре­воз. Мо­ра да се сме­ни све­ста кај лу­ѓе­то, се­кој тре­ба да да­де свој при­до­нес. Са­мо та­ка мо­же да се сме­ни ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то, кое пос­лед­ни­ве го­ди­ни трае со ме­се­ци.

Да­ли вре­мен­ски­те ус­ло­ви вли­ја­ат на здрав­је­то на чо­ве­кот?

За­фи­ров­ски: Де­фи­ни­тив­но вре­мен­ски­те ус­ло­ви вли­ја­ат на здрав­је­то на чо­ве­кот и за тоа пи­шу­вам и во кни­га­та „Вре­мен­ски­те ус­ло­ви и здрав­је­то“. Оваа кни­га ја на­пи­шав за­ед­но со про­фе­со­рот Вла­до Спи­ри­до­нов, кој ра­бо­ти во Хи­дро­ме­те­о­ро­ло­шки­от за­вод на Ма­ке­до­ни­ја. Уште по­ра­но би­ло поз­на­то де­ка се­ко­ја бо­лест има сво­ја кли­ма. Има бо­ле­сти што се по­вр­за­ни со над­во­реш­но­то вли­ја­ние. Во кни­га­та пи­шу­ва ка­ко вли­ја­ат топ­ли­те, сту­де­ни­те бра­но­ви, ка­ко да се за­шти­ти­ме од го­ле­мо­то УВ-зра­че­ње, за ме­те­о­ро­па­ти­те. Кај на­ши­те па­ци­ен­ти не­до­сти­га кул­ту­ра­та да се оди на ле­кар пред да се раз­бо­лиш. На ле­кар се оди ко­га си здрав. Де­нес има со­вре­ме­ни ус­ло­ви за би­о­ме­те­о­ро­ло­шка прог­но­за. Се нај­а­ву­ва дол­га и сту­де­на зи­ма. За­тоа тре­ба да се пре­ве­ни­ра, по­себ­но тоа се од­не­су­ва на па­ци­ен­ти што има­ат хро­нич­ни кар­ди­о­ва­ску­лар­ни за­бо­лу­ва­ња, кои мо­ра да ја при­ма­ат ре­дов­но те­ра­пи­ја­та што им е пре­пи­ша­на.

Видео разговорот погледнете го на Република ТВ

Разговараше: Александра М. Бундалевска
Фото: Игор Ангеловски
Видео: Дејан Станчевски и Жан Лековски
Монтажа: Илија Јовановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top