
Пушачите во Англија наскоро не ќе смеат да запалат цигара во своите автомобили доколку во нив се наоѓа лице помлади од 18 години.
Законот најверојатно ќе биде усвоен во декември, а на сила ќе стапи во октомври 2015 година и ќе се однесува на сите возрасни патници во автомобилите. Казната ќе изнесува околу 1.000 евра за несовесните патници, ако случајот заврши на суд.
Возачите кои ќем бидат „фатени“ со запалена цигара можат да бидат казнети до дури 13 илјади евра ако ја загубат парницата со полицијата. Ако признаат дека го прегршиле законот, тогаш ќе се плати казни од околу 70 евра.
Повеќе од 300 илјади малолетни лица годишно имаат проблем со респираторните организи кои се поврзуваат со пасивно пушење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


