| четврток, 6 декември 2018 |

Таен документ на ФБИ: Черчил предлагал фрлање атомска бомба врз Кремљ

Винстон Черчил по завршувањето на Втората светска војна кај Американците апелирал да фрлат атомска бомба врз Кремљ затоа што сметал дека е тоа единствениот начин за спречување на ширењето на комунизмот кон Запад, откриено е од таен документ од архивот на ФБИ.

Черчил, кој беше британски премиер во текот на Втората светска војна, а потоа и во педесеттите години од 20 век, предлогот го изнел во 1947 година кај американскиот десничарски републикански сенатор Стајлс Бриџис, кој требало да помогне американскиот претседател Хари Труман да се убеди да фрли атомска бомба врз Москва, пишува британскиот весник „Дејли мејл“, а пренесува „Раша тудеј“.

Тајниот документ на ФБИ ќе се појави во книгата на истражувачкиот новинар Томас Маер „Черчилови и Кенедиеви“, која од печат ќе излезе следниот месец.

Во документот се наведува дека Черчил инсистирал на тоа дека „единствен спас за светската цивилизација е американскиот претседател да ја прогласи Русија за загрозувач на мирот во светот“ и потоа да ја нападне. Во спротивно, истакнувал Черчил, Русија ќе ја нападне Америка „во рок од две – три години, кога самата ќе се стекне со атомска бомба, па цивилизацијата ќе биде уништена или уназадена за повеќе години“.

Советскиот Сојуз својата прва атомска бомба ја тестираше во 1949 година, што во целост ги изненади САД, кои не беа свесни дека и Советите располагаат со нуклеарно оружје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top