| четврток, 6 декември 2018 |

ПСЖ подобар од Марсеј во дербито на Франција

Во последниот натпревар од 13. коло во француската Лига 1 се одигра дерби натпреварот меѓу ПСЖ и Олимпик Марсеј, каде домаќините славеа на „Паркот на принцовите“ со 2-0.

Во тимот не беше најдобриот фудбалер на ПСЖ, но тоа не беше причина, домаќините уште во првите 45 минути да дојдат во водство преку Лукас. Едисон Кавани во 85. минута го постави конечниот резултат, а претходно Марсеј остана со играч помалку, бидејќи Имбула доби црвен картон.

ПСЖ сега заостанува само еден бод од неговиот вчерашен ривал кој е на првото место на табелата, а зад нив се наоѓа Лион кој има само два бода помалку од лидерот Марсеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top