Новозеландскиот фудбалски судија Питер О’Лери, кој на СП во Бразил судеше на мечот БиХ и Нигерија, по 140 дена проговори за спорните детали и грешките во судење, заради кои се најде во центарот на вниманието. О’Лери потоа добиваше смртни закани, вели се плашел за животот на своето семејство, пренесуваат босанските медиуми.
Босанската јавност најмногу се интересираше зошто беше досуден офсајд за Џеко и зошто на крај на мечот со насмевка ги гушкаше фудбалерите на Нигерија.
Судијата во 21-ват минута поништи гол на Џеко, откако по асистенција на линискиот судија свиреше недозволена позиција.
-Очигледно беше грешка. Асистентот го крена знаменцето и досудив офсајд. Иако не бев јас тој што го крена знаменцето, бев главен судија и одговорен сум за тоа. Да бев во подобра позиција, би видел што се случива и не би досудил таква одлука. Но, не бев во подобра позиција и не го сторив тоа- додава судијата од Нов Зеланд кој објаснува и зошто се смеел на крај на мечот.
– Голманот на Нигеријаја зеде топката, отидов до него и му реков да ја врати. Ми честиташе, ме гушна и потоа и јас го гупнав него. Во исто време четвртиот судија на слушалката на уво рече нешто смешно и се насмеав- додава О’Лери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.