Со сирена за општа опасност, скокање во студената вода на Неретва и со фрлање цвеќе во реката, Мостар ја одбележа 21 година откако хрватските сили со артилериски напад го срушија Стариот мост, бисерот на османлиската архитектура на Балканот. Градба која во моментот на рушење беше 427 години стара. Мостот беше симбол на Мостар, но и симбол на поврзувањето на културите и цивилизациите.
На одбележувањето на годишнината се собраа многу граѓани, а и годинава сè помина без политички говори и пораки. Организатор е Клибот на скокачи во вода „Мостар“, порача дека сакаат да оддадат чест на Стариот мост и на сите кои загинаа во војната во БиХ.
Мостот е реновиран и е на листата на заштитено светско наследство на УНЕСКО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


