| четврток, 6 декември 2018 |

70 години слободен Велес

kosturnica velesНа Спомен-костурницата од НОВ во Велес беа одбележани 70 години од ослободувањето на градот, а воедно и Денот на Општина Велес – 9 Ноември. Цвеќе на Спомен-костурницата положија делегација на Општината предводена од градоначалникот Славчо Чадиев, на Општинската организација на  Сојузот на борци од Велес, АРМ, претставници од збратимените градови, како и делегации од институции, јавни претпријатија, здруженија на граѓани и политички партии.

Во официјалното соопштение од Општина Велес на свеченоста беше потсетено на жртвите во четиригодишните борби за градот.

– Ним, на сите оние кои во вековите наназад загинаа за слободата на Велес и Македонија, и на сите што се бореа за нашата независност во годините потоа, Општина Велес им изразува трајна благодарност и почит. Секој 9 Ноември е нова страница, ново поглавје од историската читанка, соопшти Општината

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top