| четврток, 6 декември 2018 |

Доделени почесните Оскари

858319783545f245f038db544002420_640x418

Првите награди „Оскар“ во оваа сезона синоќа беа доделени во Лос Анџелес, а почесните награди на американската академија за филм ги добија актерите Морин О’Хара, режисерот Хајао Мијазаки и сценаристот Жан Клод Каријер, како и американскиот актер и активист Хари Белафонте.

Тие ги примијата нагадите на трочасовната церемонија, која за разлика од онаа во февруари, телевизијата не ја пренесува.

Како што пренесува АП Џенифер Анистон, Кевин Костнер, Сидни Поатје, Ед Нортон, Крис Рок, Рон Хауард и Хилари Свонк се само некои од звучните имиеа кои ги поздравија првите добитници на „Оскар“ во сезоната.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top