| четврток, 6 декември 2018 |

Розберг, Хамилтон, Маса е денешниот распоред на Ф1

niko rezbergНико Розберг е на прва позиција на трката за Формула еден Големата Награда на Бразил која од 17 часот ќе се вози на патеката „Интерлагос“.

Возачот на Мерцедес вчера ја потврди доминацијата на слободните тренинзи и заврши на првото место со време 1:10,023 пред неговиот клупски колега Луис Хамилтон кој беше само неколку стотинки поспор (1:10,056). На третото место заврши возачот на Вилијамс, Фелипе Маса со време 1:10,247, додека по него следеше неговиот колега Валтери Ботас со 1:10,305.

Петтото место му припадна на Џенсон Батон од Мекларен, додека топ десетката ја комплетираа Себастијан Фетел, Кевин Магнусен, Фернандо Алонсо, Даниел Рикардо и Кими Раиконен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top