Во американската професионална кошарка Хјустон го претрпе првиот пораз во новата сезона. Во НБА лигата прв пораз доживеа и тимот на Мемфис на гостувањето кај Милвоки. Голден Стејт остана единствената непоразена екипа во лигата.
Победа на домашен терен постигна и тимот на Перо Антиќ, Атланта, против Њујорк Никс. Антиќ пак постигна само два поена. За 17 минути на терен, Антиќ утна три удари од поле од кои два беа за тројка. Погоди само два шута од линијата за слободни фрлања.
Резултати на ноќешните натпревари: ЛА Клиперс – Портланд 106:102, Индијана – Вашингтон 90:97, Атланта – Њујорк 103:96, Мајами – Минесота 102:92, Чикаго – Бостон 101:106, Хјустон – Голден Стејт 87:98 , Милвоки – Мемфис 93:92 и Сан Антонио – Њу Орлеанс 99:100.
Вечерва се играат осум натпревари: Бруклин – Орландо, Детроит – Јута, Оклахома Сити – Сакраменто, Торонто – Филаделфија, Далас – Мајами, Феникс – Голден Стејт, Портланд – Денвер и ЛА Лејкерс – Шарлот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.