| четврток, 6 декември 2018 |

Србија: Штрајк на адвокатите, два месеци застој во судството

advokat sudija sudЦели два месеци штрајкуваат српските адвокати, со поединечни „кршења“ на забраната за одење во судот, обвинителството и полицијата .

Само во Белград се одложени 320 главни претреси за притворски предмети, како и стотина други судења во редовна постапка. Нема конкретни податоци за тоа колку предмети се во застој на другите три суда во српската престолнина, но се претпоставува дека се најмалку стотина.

Заради тоа, посочуваат дел од српските медиуми, има застој и во борбата со корупцијата, која изминатите две години зеде силен замав. Но минатите два месеци немаше ниту едно апсење, или нова кривична постапка.

За тоа време во повеќе наврати се прекинувани и повторно продолжуваа преговорите меѓу претставниците на адвокатите и министерството за правда, но решение сè уштенема. Адвокатите бараат измена на нотарскиот систем и регулирање на паушалното даночење. Иако законот за нотарска работа доживеа извесна измена минатата недела , тоа не ги задоволи адвокатите коипродолжија со протестот. Адвокатската комора на Србија го одби и предлогот од Министерството за финансии за регулирање на паушалниот данок, бидејќи беше условен со прекин на штрајкот.

Во меѓувреме, неколкумина адвокати добија забрана за работа од нивните регионални комори бидејќи не ја почитуваа одлуката да не одат на сослушувања и судења.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top