Започна повторната обдукција на телото на девојката пронајдена во водите на Егејското море за која грчките власти тврат дека е прилепчанката Дениса Маркоска. Реобдукцијата која треба да потврди дали телото припаѓа на Дениса започна синоќа откако во Скопје пристигна сандакот со посмртните останки.
Повторната одбукција ја побара семејството на младата прилечанка која исчезна на 12 септември. По дозвола од Министерството за здравство ќе биде направена нова ДНК анализа и реобдукција.
Сѐ уште не се знае како починала младата Дениса. Таа работела на брод. Една вечер таа исчезна од бродот. Две недели по неа трагаа грчките власти, но и Интерпол. Беше пронајден нејзиниот мобилен телефон, но без сим картичката во него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.