Се верува дека четворицата исламисти осомничени за тероризам имале намера да ја нападнат кралицата со нож во „Ројал Алберт хол“ за време на церемонијата по повод 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна. Уапсените се на возраст меѓу 19 и 27 години.
Според „Дејли мејл“ кралицата најавила дека и покрај заканата, ќе присуствува на свеченоста – на полагањето венци и едноминутното молчење.
Полицијата минатата ноќ ги испитувала уапсените.
Минатите недели уапсени се повеќе лица во рамките на полициската акција против британските државјани што се вратиле од борбите во Сирија, па се стравувало дека планираат напади во Британија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



