| четврток, 6 декември 2018 |

Бисерко: Хаг не сака Шешељ да умре во затвор

545e1b44-6588-4284-8738-2066b0765237-sonja-biserko-718x446

Воислав Шешељ нема клучна улога со која би го дестабилизирал патот на Србија кон Европската унија, бидејќи неговите можности за движење се ограничени, изјави за „Дневни Аваз“ Соња Бисерко, претседател на српскиот Хелсиншки одбор за човекови права.

Таа посочи дека во Србија постојат центри кои се против ЕУ, а Шешељ е дел од нив.

– Овде има присутна аргументација за да се минира сегашната Влада. Но, мислам дека неговото пуштање е нужност затоа што Хаг не сака Шешељ да умре во затворот.Проблем е тоа што Трибуналот не е способен да донесе каква било одлука и да застане зад неа. Исто така е проблем што никој од Србија не доби пресуда за војната во Хрватска и за Босна и Херцеговина.Тоа значи дека има многу пропусти на страна на Трибуналот – изјави Бисерко.
Синот на Шешељ, Александар изјави дека неговиот татко не е обврзан да присуствува на изрекувањето на судската пресуда во Хаг. Единствено е тоа што тој не може да добие пасош. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top