| четврток, 6 декември 2018 |

Луис Суарез со две асистенции ја одведе Барселона до нова победа (видео)

luis suarez

Каталонскиот гигант Барсеона со целосен пресврт (1-2) успеа да дојде до трите бода на гостувањето кај Алмерија во рамките од 11 коло во шпанската Примера дивизија. По двата пораза од Реал Мадрид и Селта, Барселона се враќа на победничките патеки потешко од очекувањата.
Алмерија прва поведе со голот на Бифума во 37 минута и навести можен нов пораз на каталонците. Сепак во второто полувреме избраниците на Луис Енрике заиграа поангажирно и со головите на Нејмар и АЛба дојдоа до целосен пресврт.
Најзалужен за новите три бода е новото засилување Луис Суарез кој прекрасно ги проигра двајцата свои соиграчи.

Со овие три бода Барселона се искачи на врвот на табелата со 25 бода еден повеќе од Реал Мадрид кој има натпревар помалку на домашен терен со Рајо Валјекано.


Thievy Bifouma GOAL I Almeria vs Barcelona 1-0… by skymediatv1


Neymar GOAL I Barcelona vs Almeria 1-1 I La… by skymediatv1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top