
Директор на Јавна здравствена установа може да биде казнет ако здравствениот соработник кој работи со странки во текот на работното време на работното место не носи на видно место ознака за личното име, работното место и здравствената установа во која работи предвидуваат измените во Законот за здравствена заштита. Казната изнесува 200 евра во денарска противвредност.
Според измените Директорот ќе биде казнет со 200 евра ако се изврши исплата на плата на здравствените работници врз основа на неточни и неверодостојни информации за резултатите од работењето на здравствените работници внесени во интегрираниот здравствен информатички систем.
Измените уште предвидуваат дека директорот ќе се казни со договорна казна во висина од 200 евра ако не поведе дисциплинска постапка за дисциплински престап против раководителот на внатрешната организациона единица и здравствениот работник кои во интегрираниот здравствен информатички систем внеле неточни и/или неверодостојни податоци спротивно на законите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


