
Полицискиот службеник кој вчера вечер беше застрелан во близина на трговскиот центар Мавровка, не бил на работна задача и приватно бил излезен во старата скопска чаршија. Кога тргнал да си оди дома, пред да влезе во автомобилот, двајца нему непознати напаѓачи му пришле од зад грб и го застрелале во левото рамо.
Не бил тешко повреден, па по преврската во ургентниот центар е пуштен на домашно лекување. Станува збор за службеник од редовниот полициски состав, вработен во локална полициска станица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


