Енергично, разиграно, моќно. Вака може да се опише вечерашниот концерт на Ален Исламовиќ, Горан Бреговиќ и неговиот „Оркестар за свадби и погреби“ во преполната сала „Борис Трајковски, по повод 40 години од формирањето на легендарната југословенска група Бијело Дугме.
„Кој не полуди, тој не е нормален! “ со овие зборови Горан Бреговиќ го отвори концертот, а македонската публика ги пречека со воодушевување и овации.
Најголемите хитови на оваа легендарна група, која обележа едно убаво време, ги кренаа на нозе присутните и предизвика вжештена атмосфера.
Целата фотогалерија погледнете ја тука.
Фото: Игор Ангеловски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.