| четврток, 6 декември 2018 |

Претставници од филмските компании „Ворнер Брос“ и „Волт Дизни“ остварија средба со Груевски

Филмските компании „Ворнер Брос“ и „Волт Дизни“ се интересираат за бизнис климата во Македонија. Претставници од двете компании беа присутни на бизнис форумот во Лос Анџелес.

Премиерот Никола Груевски оставри контакти со Стив Папазиан, директорот на Physical Production, Ворнер Брос и Пол Стеинке од компанијата „Волт Дизни“.

vorner

Овие две американски филмски компании се едни од најзначајните во проиводство и дистрибуција на филмови.

„Ворнер Брос“ е една од најзначајните филмски компании во Холивуд, а станува едно од водечките холивудски студија со прикажувањето на првиот звучен филм The Jazz Singer во 1927 година.

dizni

Филмската компанија „Волт Дизни“, пак, важи за една од најголемите светски компании за производство на забавна програма, а името го дoбива по нејзиниот легендарен основач Волт Дизни кој заедно со неговиот брат  во 1926 година го основале „студиото на цртани филмови“.  Корпорацијата која тој ја ко-основа, денес има годишен приход од околу 35 билиони американски долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top