Договорот за преигрување на прекинатиот меч меѓу Работнички и МЗТ Скопје во копродукција на двата клуба веќе не важи по одлуката на Комесарот за натпреварување во Првата кошаркарска Лига, Боби Јосифовски да го казни ригорозно Работнички со префрлање во трета лига.
Раководството на најтрофејниот клуб донесе одлука да не го продолжи мечот по прекинот во 27 минута и при водство од 52-36, а потоа двете Управи се договорија за нов меч од почеток.
Сепак и тоа нема да мине, по денешната одлука која е според правилникот на КФМ, а која предвидува префрлање во понизок ранг, ако се одбие доигрување на натпреварот.
Патем Работнички е казнет со 30 илјади денари, а МЗТ Скопје ќе мора да уплати 24 илјади денари. Од таборот на Работнички најавија жалба до органите на КФМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.