Премиерот Груевски им порача на присутните на бизнис форумот во Лос Анџелес дека Владата е пријателски насочена кон бизнисот и развој на можностите кои им стојат на располагање на приватните инвеститори.
Ние веруваме дека колку повеќе го поддржуваме бизнисот ние ги поддржуваме сите граѓани, бидејќи бизнисот создава работни места и тој создава подобри услови за живот во нашата држава – изјави премиерот.
Покрај поволностите и олеснувањата кои се овозможени за инвеститорите кои ќе решат да го вложат својот капитал, Груевски на тамошните бизнисмени им посочи дека Владата направи напредок и во борбата против корупција и нејзиното намалување.
Тој изјави дека Владата е фокусирана кон вложувањата и развојот на образованието, на сите фази, почнувајќи од основното, средното и високото образование.
Премиерот Груевски, исто така, ги покани присутните инвеститори да дојдат во Македонија и самите да се уверат за одличните можности.
-Оние кои планираат да започнат бизнис, или сакаат да отворат нов капацитет или пак да префрлат дел од постоечкиот на нова локација, пред да ја донесат одлуката да дојдат во Македонија, нека зборуваат најпрво со инвеститорите кои веќе инвестирале во Македонија за да се уверите дека она што го зборуваме денес е вистина – истакна премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски