Црни балони во воздухот како знак за протест поради загадувањето. Повеќе од 1.000 тетовци денеска протестираа поради аерозагадувањето. Организаторите на протестот побараа чист воздух. Сметаат дека најголем загадувач е „Југохром“.
– Се собравме денеска на овој плоштад за да бараме нешто што во другите земји би било апсурд да се бара, а тое е чист воздух. Она што го има создадено господ за сите негови суштества, она без кое ние не можеме. Го бараме воздухот кој е загаден поради алчност на некои поединци, кои создаваат милиони труејќи нѐ нас. Ние не смееме да дозволиме да ни се случува ова – изјави Аријанит Џафери, претседател на движењето „Екогерила“, кое го организираше денешниот протест.
Фото: Ѓ. Личовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.