Во рамките на пилот-проект на Советот на Европа за локален развој, кој се реализира и во Македонија, во регионот Дебар и општина Маврово Ростуше, во месноста Мала Река е промовирана туристичката локација, мостот „Елен скок“.
Станува збор за поплочување со калдрма од камен на одредена површина простор пред мостот и поставување дрвени постојки и информативни табли, активности кои се реализирани со средства на Советот на Европа, и двете општини.
Директорот на Агенцијата за заштита на спомениците во Македонија, Виктор Лилиќ, нагласи на свеченоста дека покрај оваа активност со пилот-проектот ќе има и други активности во однос на заштитата на големите културно-историски знаменитости во овој регион.
Градоначалниците на Дебар, Ружди Лата, и на Маврово Ростуше, Мукрем Мехмади, нагласија дека овие заеднички проекти се многу битни за проширување на соработката помеѓу општините, но и овозможување преку културно-историските споменици да се дојде до побрз развој на туризмот.
Директорот на ЈП „Национален парк Маврово“, Онер Јакуповски, рече дека оваа туристичка локација, која е во просторот на Националниот парк „Маврово“, ќе влијае многу во зголемувањето на посетителите на паркот и поширокиот регион.
РЕПОРТАЖАТА ЗА ОВОЈ КРАЈ ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА СЛЕДНИОВ ЛИНК
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.