Американецот Харис Морин чиј дедо е по потекло од Македонија е можеби најновиот Гинисов рекордер за најдолг прдеж на светот – пишува „Убавина и здравје“
За рушењето на необичниот рекорд, Харис морал предходните денови да изеде три ипол килограми препречен грав.
Гинисовата книга на рекорди ширум светот е позната по необичните дисциплини и не е мал бројот на луѓето од нашите простори кои се наоѓаат во неа. Меѓутоа за категоријата “Најдолг прдеж на св етот“ навистина сме изненадени и не знаевме дека постои додека во нашата редакција не се јави Харис кој ни најави дека го срушил овој рекорд. Ккао и тој самиот што вели на овој чекор се одлучил после повече месеќно убедување од своите пријатели. Овој полу Македонец во своето друштво е одамна познат по должината на “испуштање на гасови“ и на домашните собиранке со пријателите е секогаш главна атракција
“Знаев дека морам добро да се подготвом. Изедов грав, две тврдо варени јајца и неколку чаши млеко. “ вели Харис.
Дали Харис ќе успее да го собори рекордот на предходниот носител Украинецот Владимир Ледишченко, останува да видиме. Неговиот рекорд бил две минути и 27 секунди, ама Харис вели дека рекордот го срушил. Дали одговорните луѓе од Гинис ќе го прифатат неговотѕо видео или ќе мора Харис уште еднаш да се помаќи останува да почекаме уште некој ден. И верувале или дедото му е по потекло од Штип, иако можеби сите мислевте дека е од Тетово.
Бетина Дорфман од Германија поседува 15.000 различни Барби кукли. Таа започнала да ја создава колекцијата во 1993 година.
Највозрасната гимнастичарка е Јохана Квас. 86-годишната старица редовно се натпреварува во Германија.
Најголемиот хот-дог тежи 3,18 килограми, а се продава во Чикаго за 40 долари.
Највисоката фризура „четка“ ја поседува Казухиро Ватанаби од Јапонија, чија фризура се издигнува 1,13 метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.