| четврток, 6 декември 2018 |

„Хамлет“ има своја приказна

„Хам­лет“ е ед­на од најг­ле­да­ни­те прет­ста­ви и со најм­но­гу го­сту­ва­ња до­се­га. Оваа прет­ста­ва, за­ед­но со „Ге­не­ти­ка на ку­чи­ња­та“, е до­каз де­ка ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка са­ка да гле­да те­а­тар­ски прет­ста­ви. Ова е вре­ме­то на го­ле­ми­те прет­ста­ви

По па­у­за од ре­чи­си две го­ди­ни, на ре­пер­то­а­рот на Драм­ски те­а­тар во Скоп­је се вра­ќа култ­на­та прет­ста­ва „Хам­лет“ во ко­ја глав­на­та уло­га ја тол­ку­ва Де­јан Ли­лиќ, за што не­кол­ку па­ти е на­гра­ду­ван за нај­до­бар актер. Ре­жи­ја­та на оваа прет­ста­ва е на Де­јан Прој­ков­ски. Претставата отпатува во многу театри низ светот и секаде беше дочекувана со громогласен ап­лауз и позитивни критики.

На сце­на­та на овој те­а­тар се вра­ќа уште ед­на прет­ста­ва, „Ге­не­ти­ка на ку­чи­ња­та“, ко­ја бе­ше оди­гра­на са­мо 15 па­ти. Претставата, поради повреда на еден од актерите беше тргната од репертоар, и покрај желбата на љубителите на театарот да го погледнат режисерското остварување на Пројкоски, по текст на Венко Андоновски.

И покрај многуте обврски, директорување во МНТ, претстави во матичниот театар, снимање филмови, како и новата обврска – татко, Лилиќ реши повторно да застане на сцената на Драмски со двете улоги, кои буквално му ја исцрпуваат енергијата.

 

Kultura113-hamlet-2

 

„Ге­не­ти­ка на ку­чи­ња­та“ и „Хам­лет“ по­втор­но се вра­ќа­ат на ре­пер­то­а­рот на Драм­ски те­а­тар. Што прет­ста­ву­ва тоа за вас ка­ко ре­жи­сер?

Де­јан Прој­ков­ски: За ме­не „Хам­лет“ и „Ге­не­ти­ка на ку­чи­ња­та“ се две важ­ни прет­ста­ви на Драм­ски те­а­тар. „Хам­лет“ е ед­на од најг­ле­да­ни­те и со најм­но­гу го­сту­ва­ња до­се­га, ка­ко во Пол­ска, Ита­ли­ја, Бу­га­ри­ја, Сло­ве­ни­ја, Ср­би­ја, Цр­на Го­ра, Анг­ли­ја. Оваа прет­ста­ва, за­ед­но со „Ге­не­ти­ка на ку­чи­ња­та“, е до­каз де­ка ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка са­ка да гле­да те­а­тар­ски прет­ста­ви. Ова е вре­ме­то на го­ле­ми­те прет­ста­ви.

 

Кој го за­ме­ну­ва Бран­ко Ѓор­чев во прет­ста­ва­та „Хам­лет“?

Де­јан Прој­ков­ски: Уште на са­ми­от по­че­ток ко­га се вло­ши здрав­стве­на­та со­стој­ба на Бран­ко Ѓор­чев, тој ка­ко не­го­ва до­стој­на за­ме­на го наз­на­чи акте­рот Пе­тар Гор­ко, кој од­лич­но се снај­де во уло­га­та.

 

Ќе учес­тву­ва­те ли по­втор­но со „Хам­лет“ на не­кој ме­ѓу­на­ро­ден фе­сти­вал?

Де­јан Прој­ков­ски: Во сеп­тем­ври ве­ќе учес­тву­вав­ме во Под­го­ри­ца, Цр­на Го­ра со прет­ста­ва­та „Хам­лет“, ка­де што Де­јан Ли­лиќ до­би на­гра­да за нај­до­бар актер, а јас за нај­до­бар ре­жи­сер.

 

Kultura113-hamlet-3

 

Ко­ја бе­ше при­чи­на­та две­те прет­ста­ви да се нај­дат по­втор­но на ре­пер­то­а­рот на Драм­ски­от те­а­тар?

Ро­берт Вел­ја­нов­ски: Овие прет­ста­ви по­втор­но се нај­доа на ре­пер­то­а­рот по­ра­ди две при­чи­ни. „Ге­не­ти­ка на ку­чи­ња­та“ бе­ше не­при­род­но изо­ста­ве­на од Драм­ски. Беа оди­гра­ни са­мо 15 прет­ста­ви, а при­чи­на­та за тоа бе­ше по­вре­да­та на еден од акте­ри­те, без ко­го оваа прет­ста­ва не­ма­ше да би­де тоа што е и по­ра­ди тоа ре­шив­ме да ја трг­не­ме. Се­га ко­га ра­бо­ти­те се вра­ти­ја во нор­ма­ла, таа по­втор­но е ста­ве­на на ре­пер­то­а­рот. Ова е ре­пре­зен­та­тив­на прет­ста­ва за Драм­ски­от те­а­тар. До­де­ка, пак, „Хам­лет“ има сво­ја при­каз­на. „Хам­лет“ мо­же да се игра без­број па­ти. Две­те прет­ста­ви се ле­ги­тим­но вра­те­ни на ре­пер­то­а­рот. А, две­те на­гра­ди што ги до­бив­ме во Цр­на Го­ра не се при­чи­на за од­ли­ка­та, тие се нус-по­ја­ва. Овие две прет­ста­ви не се ма­кси­мал­но експ­ло­а­ти­ра­ни. Кај нас има прет­ста­ви за кои не­ма пуб­ли­ка, што и да на­пра­ви­те, ка­ква би­ло рек­ла­ма, е бе­ско­рис­но. Ко­га е та­ква ра­бо­та­та, нор­мал­но е да се вра­тат прет­ста­ви­те што ги са­ка пуб­ли­ка­та, за кои кар­ти­те се рас­про­да­де­ни со не­де­ли прет­ход­но.

Дра­ган Спа­сов Дац: Две­те прет­ста­ви беа пре­ки­на­ти на не­при­ро­ден на­чин. „Ге­не­ти­ка на ку­чи­ња­та“ бе­ше пре­ки­на­та по­ра­ди оправ­да­ни при­чи­ни, а беа оди­гра­ни са­мо 15 прет­ста­ви. Та­ка што нор­мал­но е да се вра­ти на ре­пер­то­а­рот би­деј­ќи е од­лич­на прет­ста­ва. „Хам­лет“, исто та­ка, е прет­ста­ва ко­ја сѐ уште мо­же да се игра би­деј­ќи сѐ уште ги пол­ни са­ли­те и нор­мал­но е да не се пре­ки­ну­ва­ат та­кви прет­ста­ви.

 

Kultura113-hamlet-4

 

„Ге­не­ти­ка на ку­чи­ња­та“ и „Хам­лет“ ги сме­та­ат ка­ко ед­ни од нај­те­шки­те прет­ста­ви, да­ли се сог­ла­су­ва­те со тоа?

Дра­ган Спа­сов Дац: Те­шка прет­ста­ва не по­стои, мо­же да би­де те­шка са­мо до­кол­ку не ти се до­па­ѓа. Нор­мал­но е де­ка ако е до­бра прет­ста­ва­та, ја играш со ме­рак.

 

(Разговараше: Владо Оцевски
Текст објавен во 113. број на неделникот „Република“, 31.10.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top