| четврток, 6 декември 2018 |

Бубамарата се заглави во корупциjа и во лажни ветувања

До 2022 го­ди­на и 22. мун­ди­јал има мно­гу вре­ме, но сом­не­жи­те, ми­то­то и ко­руп­ци­ја­та, па ду­ри и об­ви­ну­ва­ња­та за мо­дер­но ропс­тво се те­жок то­вар за нај­бо­га­та­та зем­ја на пла­не­та­та и при­чи­ни за за­гри­же­ност кај фуд­бал­ски­от свет

Sport113-1

Свет­ско­то пр­венс­тво во Ка­тар тре­ба да се одр­жи во 2022 го­ди­на, до­то­гаш има це­ли се­дум го­ди­ни, но сом­не­жи­те за ис­прав­но­ста на од­лу­ка­та на ФИ­ФА не стив­ну­ва­ат. Ка­тар, спо­ред из­ве­шта­јот на Свет­ска бан­ка, е нај­бо­га­та зем­ја на пла­не­та­та ако се зе­ме пред­вид кри­те­ри­у­мот кој го ме­ри при­хо­дот по гла­ва на жи­тел. Изг­ле­да иде­ал­но, но во пра­кти­ка, ба­рем ко­га е во пра­ша­ње фуд­ба­лот и на­чи­нот на кој Ка­тар ја до­би ор­га­ни­за­ци­ја­та на два­е­сет и вто­ри­от мун­ди­јал, ра­бо­ти­те сто­јат со­се­ма по­и­на­ку.

Ако се ос­тва­рат нај­а­ви­те, пр­во­то фуд­бал­ско Свет­ско пр­венс­тво во арап­ски­от свет, по­ра­ди же­шти­ни­те, ќе се одр­жи во зи­ма, што е пре­се­дан. Проб­ле­ми­те се та­ло­жат, па со ог­лед на тоа де­ка Ка­тар е зем­ја во ко­ја не се то­чи ал­ко­хол, си­гур­но ќе се на­ма­ли бро­јот на на­ви­ва­чи што ќе са­ка­ат да до­па­ту­ва­ат за да го сле­дат мун­ди­ја­лот во жи­во. Има и се­ри­оз­ни об­ви­ну­ва­ња за мо­дер­но ропс­тво при из­град­ба­та на ин­фра­стру­кту­ра­та, а пре­зен­ти­ра­но е де­ка фи­на­ле­то ќе се игра во град што сѐ уште не е из­гра­ден.

Вре­ме за ос­тва­ру­ва­ње на сла­тки­те ве­ту­ва­ња на Ка­тар­ци­те има до­ста, но сѐ по­ве­ќе лу­ѓе се сом­не­ва­ат де­ка спи­ра­ла­та на из­ма­ми, ко­ја поч­на со на­чи­нот на кој бе­ше до­де­ле­на ор­га­ни­за­ци­ја­та на СП, зе­ма сѐ по­го­лем за­мав. Еве ги пет­те нај­проб­ле­ма­тич­ни точ­ки во про­е­ктот „Ка­тар 2022.

 

Sport113-2

 

1

Пр­во СП во арап­ски­от свет, но и прв шам­пи­о­нат што kе се игра во зи­ма

Тра­ди­ци­о­нал­но, си­те 20 до­се­гаш­ни шам­пи­о­на­ти се играа во лет­ни­от пер­и­од, но во 2022 го­ди­на во Ка­тар тоа ќе би­де мош­не проб­ле­ма­тич­но. Тем­пе­ра­ту­ра­та се кре­ва и до пе­де­сет­ти­от Цел­зи­у­сов сте­пен, влаж­но­ста на воз­ду­хот е до­пол­ни­те­лен проб­лем, што соз­да­ва ре­чи­си не­воз­мож­ни ус­ло­ви за фуд­бал. ФИ­ФА по­ле­ка се пиш­ма­ни и ба­ра ча­ре ка­ко да се одр­жи тур­ни­рот во Ка­тар, но не во ле­то, ту­ку во зи­ма. Ко­неч­на­та од­лу­ка сѐ уште не е до­не­се­на, но се чи­ни ал­тер­на­ти­ва не­ма ако Сеп Бла­тер и не­го­ви­те со­ра­бот­ни­ци оста­нат на од­лу­ка­та Ка­тар да би­де до­ма­ќин на шам­пи­о­на­тот во 2022 го­ди­на. Ни­ко­му не му е се­ед­но, а по­се­бен проб­лем ќе би­дат и ТВ-пра­ва­та. На при­мер „Фокс ТВ“ има пла­те­но со­ле­на су­ма од 425 ми­ли­о­ни до­ла­ри за след­ни­те две свет­ски пр­венс­тва, а, спо­ред стан­дар­ди­те, се по­драз­би­ра тур­ни­рот да се игра на­ле­то. Во САД во ја­ну­а­ри во­о­би­ча­е­но се игра пле­јо­фот во НФЛ, ли­га што е најг­ле­да­на на аме­ри­кан­ски­от кон­ти­нент. „Фокс ТВ“ ги има пра­ва­та и за НФЛ и не са­ка два­та спе­ктак­ла да се сов­пад­нат, па ако ФИ­ФА од­лу­чи да има зим­ски мун­ди­јал во фуд­бал, те­ле­ви­зи­ја­та си­гур­но ќе ба­ра и ќе до­бие енорм­но го­ле­ма от­ште­та.

 

Sport113-4

 

2

Про­е­ктот по­чи­ва на ми­то и на ко­руп­ци­jа, со при­ме­си на мо­дер­но ропс­тво

Во фуд­бал­ски­те ку­ло­а­ри сѐ уште се го­во­ри де­ка Ка­тар­ци­те по­тку­пи­ле не­кол­ку чле­но­ви на ФИ­ФА за да ја до­би­јат ор­га­ни­за­ци­ја­та на мун­ди­ја­лот. И тоа за огром­ни па­ри, па ду­ри на та­пет бе­ше ста­вен и пре­тсе­да­те­лот на УЕ­ФА, Ми­шел Пла­ти­ни. На­вод­но, тој до­бил пет ми­ли­о­ни евра за да по­мог­не Ка­тар да ги по­бе­ди САД во тр­ка­та за до­ма­ќин на СП 2022. Анг­ли­ча­ни­те об­ви­ни­ја де­ка им би­ло по­ба­ра­но ми­то од 2,5 ми­ли­о­на до­ла­ри од вли­ја­те­лен чо­век во ФИ­ФА од Три­ни­дад и То­ба­го. Вме­ша­ни се уште не­кол­ку пре­тсе­да­те­ли на фуд­бал­ски фе­де­ра­ции што гла­са­ле за Ка­тар.

Проб­лем за бо­га­ти­те Ара­пи ста­ну­ва и ин­фра­стру­кту­ра­та што е по­треб­на за ор­га­ни­за­ци­ја на СП. Не­кол­ку ху­ма­ни­тар­ни ор­га­ни­за­ции за за­шти­та на чо­ве­ко­ви­те пра­ва ги об­ви­ни­ја вла­сти­те во оваа зем­ја де­ка при­ме­ну­ва­ат ме­то­ди на мо­дер­но ропс­тво при из­град­ба­та на об­је­кти­те за фуд­бал­ски­от шам­пи­о­нат. Об­ја­ве­но е де­ка на ра­бот­ни­ци­те, пре­теж­но стран­ци, и тоа од Не­пал, не им се да­ва во­да и хра­на, а ра­бо­тат во не­нор­мал­ни ус­ло­ви. До­се­га, спо­ред из­ве­шта­и­те што ги об­ја­ви „Гар­ди­јан“, 44 ра­бот­ни­ци од Не­пал по­чи­на­ле ра­бо­теј­ќи на про­е­ктот „Ка­тар 2022“. Уште не­поч­нат, мун­ди­ја­лот го пла­ќа да­но­кот во крв, а со­се­ма не­зас­лу­же­но врз фуд­бал­ска­та игра па­ѓа цр­на дам­ка.

 

3

Лу­са­ил Си­ти – град што не по­стои, ама ќе би­де до­маќин на фи­на­ле­то

Лу­са­ил Си­ти е град што сѐ уште не е из­гра­ден, но Ка­тар­ци­те го прет­ста­ви­ја ка­ко до­ма­ќин на фи­нал­ни­от меч. Па­ри за из­град­ба има, тоа во­оп­што не е спор­но, но це­ла­та си­ту­а­ци­ја изг­ле­да чуд­но, ду­ри и смеш­но. Ме­сто без жи­те­ли, на­цр­та­но или ди­зај­ни­ра­но на комп­ју­тер без фуд­бал­ско ми­на­то ќе би­де ор­га­ни­за­тор на фи­на­лен меч на Свет­ско пр­венс­тво. Спо­ре­де­те го со ле­ген­дар­ни­те ста­ди­о­ни Вемб­ли, Ма­ра­ка­на, Камп Ноу, Сан Си­ро, Ац­те­ка…. ка­де што се игра­ле фи­на­ли­ња на мун­ди­ја­ли­те. Лу­са­ил Си­ти на ше­га го на­ре­ку­ва­ат град на ду­хо­ви, не­што што не по­стои, ама ќе до­бие шан­са да би­де до­ма­ќин на еден од нај­важ­ни­те на­ста­ни во спор­тот – фи­на­ле на СП. Ка­ко ка­пак на ин­три­гант­но­то сце­на­рио е тоа што не­ма ни­ту ста­ди­о­ни. Ба­рем до­се­га, на се­дум го­ди­ни до по­че­то­кот на пр­во­то СП во арап­ски­от свет, не е из­гра­ден ни­ту еден об­јект на кој ќе се игра­ат нат­пре­ва­ри­те во Ка­тар.

 

Sport113-3

 

4

Пу-пу, не ва­жи – не­ма ус­ло­ви за фу­ту­ри­стич­ки спе­ктакл

Ка­тар­ци­те на­пра­ви­ја спе­кта­ку­ла­рен план за фу­ту­ри­стич­ки мун­ди­јал. Пот­по­мог­на­ти со сил­но ло­би, ја до­би­ја ор­га­ни­за­ци­ја­та и се­га по­ле­ка ре­те­ри­ра­ат. На­ја­ви­ја спе­ци­јал­ни си­сте­ми за ла­де­ње на ста­ди­о­ни­те за да фр­лат мам­ка кон ФИ­ФА де­ка се ка­дар­ни да ор­га­ни­зи­ра­ат ле­тен мун­ди­јал на тем­пе­ра­ту­ра и до 50 сте­пе­ни. Вед­наш по до­би­е­на­та до­вер­ба, од фир­ма­та што бе­ше нај­а­ве­на ка­ко глав­на ал­ка во из­град­ба­та на спе­кта­ку­лар­ни­те спорт­ски зда­ни­ја стиг­на об­јас­ну­ва­ње де­ка та­кво не­што не е мож­но. Од­нос­но де­ка ла­де­ње­то ќе би­де пре­ска­по и ул­тра­штет­но за око­ли­на­та. Лаж­на фин­та, пре­це­ну­ва­ње на мож­но­сти­те или… ФИ­ФА сѐ уште не се да­ва и цвр­сто стои на ста­вот де­ка Ка­тар оста­ну­ва до­ма­ќин на мун­ди­ја­лот во 2022 го­ди­на. Со ма­ла, но очиг­лед­на раз­ли­ка, не­ма да се игра во ле­тен пер­и­од, ту­ку во зи­ма.

 

5

Без за­ба­ва за на­ви­ва­чи­те, ќе не­ма пи­во, ем ра­ки­jа

То­че­ње­то ал­ко­хол е за­бра­не­то на ста­ди­о­ни­те низ све­тот, но во Ка­тар проб­ле­мот е мал­ку пос­ло­жен. Та­му има за­бра­на за кон­су­ми­ра­ње ал­ко­хол на јав­ни ме­ста на це­ла­та те­ри­то­ри­ја, што зна­чи де­ка во фан-зо­ни­те ќе се то­чат са­мо без­ал­ко­хол­ни пи­ја­ло­ци. Се­ко­му му е јас­но де­ка ќе дој­де до дра­стич­но на­ма­лу­ва­ње на ин­те­ре­сот на на­ви­ва­чи­те за при­сус­тво на мун­ди­ја­лот во Ка­тар. За­мис­ле­те ги поз­на­ти­те пи­во­пиј­ци, Анг­ли­ча­ни­те и Гер­ман­ци­те, ка­ко ги прос­ла­ву­ва­ат по­бе­ди­те без нив­ни­от оми­лен пи­ја­лак. По­точ­но, ако не се сме­ни не­што, ќе мо­жат да кон­су­ми­ра­ат пи­во и ал­ко­хол, но са­мо во сво­и­те хо­те­ли.

 

(Пишува: Зоран Поповски
Текст објавен во 113. број на неделникот „Република“, 31.10.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top