| четврток, 6 декември 2018 |

Платини „лапнал“ 5 милиони евра, Катар со мито го доби мундијалот во 2022?

Мишел Платини, претседателот на УЕФА е инволвиран во големата афера по која Катар ја доби организацијата на Светското фудбалско првенство во 2022 година. Неколку функционери во ФИФА беа подмитени, а британскиот „Дејли Телеграф“ објави информација дека митото и корупцијата стасале до самиот врв и до актуелниот прв човек на европскиот фудбал.

Според британскиот медиум Платини добил 5 милиони евра по иницијатива на Мохамед Бин Хамам, поранешниот потпретседател на ФИФА, кој подоцна беше доживотно отстранет од фудбалот. Бин Хамам бил главниот човек за подмитување на влијателните фудбалски административци кои гласаа Катар да биде домаќин на СП 2022.

ФИФА спроведе истрага, а Платини демантира било каков обид за поткуп и примање на 5 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top