| четврток, 6 декември 2018 |

Десетте најубави фустани на Оскар де ла Рента

Еден од последните проекти на Оскар де ла Рента беше и венчаницата на Амал Аламудин, сега сопруга на Џорџ Клуни

Модниот дизајнер Оскар де ла Рента почина во 82. година од животот, по долгата и тешка борба со ракот, кој му беше дијагностициран во 2006 година.

Обожаваниот дизајнер беше роден во Доминиканска Република во 1932 година, а своето знаење и сликарски вештини ги здоби на Академијата „Сан Фернандо“ во Мадрид, Шпанија. Работел во ателјето на Кристобал Балансијага, потоа кај Лавин пред да ја промовира својата прва колекција во Њујорк во 1965 година.

Atraktivno113-2

Де ла Рента ги облекуваше сите „кралици“ на Ист Сајд во Њујорк, како и првите дами на САД, од Жаклин Кенеди, па сѐ до актуелната Мишел Обама. Меѓу неговите клиентки беше и актерката Сара Џесика Паркер, а еден од последните проекти на Оскар де ла Рента беше и венчаницата на Амал Аламудин, сега сопруга на Џорџ Клуни. Со децении тој го разубавуваше светот со своите креации.

Во еден говор, не толку одамна, дизајнерот ѝ се обрати на својата публика.

– Годините се само во вашата глава. Мојата страст, мојот дух и мојата радост за животот остануваат – изјави модниот дизајнер.

Atraktivno113-3

Тој остави непроценливо модно наследство и ќе остане запаметен во историјата како дизајнер на неверојатни гламурозни креации на кои никој не може да остане рамнодушен.

Ова се десетте најубави фустани што ги создаде Оскар де ла Рента.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top