Џејда Пинкет Смит откри дека нејзиниот сопруг Вил Смит ја сликал додека таа спие. 43-годишната ѕвезда од серијата „Готам“ дури објавила една од скандалозните фотографии на својот профил на „Фејсбук“. На неа се гледа голиот грб на Џејда, а нејзиниот задник е полупокриен со чаршафи. Од сликата станува јасно дека актерката спие без ноќница, но за сметка на тоа со масивни златни ѓердани.
– Тој има направено многу мои слики кои ми ги покажа. Навистина ми се допадна што можев да се видам во неговите очи – истакнала актерката.
Таа го завршила постот со мислата: „Животот е уметност. Животот е убавина“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.