„Сестри и брат Митевски продукција“ од Скопје објавуваат јавен повик за аудиција за новиот филм на Теона С. Митевска, со работен наслов „Кога денот немаше име“.
На аудицијата може да се пријават момчиња на возраст од 15 до 20 години. За потребите на филмот се бараат шест млади момчиња на оваа возраст за носечките улоги.
Аудицијата ќе се одвива на 14 и на 15 ноември во просториите на „Вардар филм“ (Агенција за филм на Република Македонија), од 10 до 20 часот, во близина на Градскиот парк, кај фонтаната.
Не е потребно претходно најавување, претходно искуство или знаење.
„Сестри и брат Митевски“ досега ги има продуцирано долгометражните филмовите „Како убив светец“, „Јас сум од Титов Велес“ и „Жената што ги избриша своите солзи“.
„Сестри и брат Митевски“ досега ги има продуцирано долгометражните филмовите „Како убив светец“, „Јас сум од Титов Велес“ и „Жената што ги избриша своите солзи“.
Овие филмови досега имаат освоено повеќе од 30 нагарди, учествувале на стотици фестивали, дистибуирани се во киномрежите низ светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.