| четврток, 6 декември 2018 |

Кијану Ривс: Ме одбија на аудицијата за филмот „Бетмен“

kijanu rivs

Познатиот американски глумец Кијану Ривс, кој имаше главна улога во филмот „Матрикс“, неодамна се пожалил како повеќе не добива големи улоги и дека големите продукциски куќи сѐ почесто го заобиколуваат.

Кијану, кој има 50 години, открил дека бил на аудиција за улога во филмовите „Бетмен“ и „Иксмен“, но продуцентите го одбиле.

– Отсекогаш сум сакал да глумам во „Иксмен“, но не добив улога. Исто така сакав да глумам и во „Мрачниот витез“, но ни таа улога не успеав да ја добијам – изјавил Кијану.

Запрашан дали му пречи што големите продукциски куќи сѐ поретко го избираат за главна улога, глумецот одговорил: „Да, тоа е без врска, но така е како е. За мене таа приказна е завршена, но и натаму работам и снимам“.

Кијану Ривс моментално го промовира новиот акциски филм „Џон Вик“ во кој игра главна улога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top