Во редакцијата на грчкиот весник „Атенс војс“ бил подметнат пожар, а одговорноста за настанот ја презела анархистичка група за дејствување против капитализмот.
Редакцијата е сместена на третиот кат во една зграда во центарот на Атина. Според зборовите на уредникот на весникот, Јанис Ненес, просторијата е многу оштетена од огнот.
Анархистите своите активности ги објаснуваат со тоа дека весникот пропагирал откажување од денот за одмор – недела, ноќна работа во трговските претпријатија и го поддржувал пазарот што ги убива експлоатираните луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.