| четврток, 6 декември 2018 |

Хјустон го прегази шампионот на НБА

Ноќеска во НБА-лигата беа одиграни два натпревари. Дуелот требаше да биде дерби меѓу актуелниот шампион Сан Антонио и Хјустон. Ова тексашко дерби заврши со доминација на Хјустон (98-81), а во едно време од третиот период имаше и преку 30 поени разлика. Силината на „ракетите“ е отсликана во бројките на првиот центар на „ракетите“ Двајт Хуард кој натпреварот го заврши со 32 поени и 16 скока за помалку од 33 минути игра. Во тоа му помогна и тренерот на Сан Антонио, Грег Попович, кој одлучи воопшто да не го пушти во игра првиот центар Тим Данкан поради мала повреда. Во текот на натпреварот втората ѕвезда во тимот од Хјустон, Џејмс Харден, постигна 20 поени и шест скока.

Во вториот натпревар Портланд го победи Далас со 108-87.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top