Оперативна седница на Советот за безбедност на Русија, на која претседателот Владимир Путин и постојани членови на СБ разговарале за влошената ситуација во Донбас, се одржа во Москва, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на претседателот на Русија.
– Разгледани беа социјално-економски прашања, меѓународни прашања, како и влошувањето на ситуацијата во Донбас бидејќи силите на Украина не го почитуваат прекинот на огнот – додаде Песков.
Покрај тоа, разменети се мислења и за голем број меѓународни прашања во контекст на претстојната посета на Путин на Кина и на Австралија и учеството на самитот на АПЕК и Г20.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.