| четврток, 6 декември 2018 |

Шест сообраќајки за 24 часа во Скопје

сообраќајка

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција изврши увид на шест сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и тројца пешаци.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала двајца возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 13 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 18 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото и 17 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од сообраќајната полиција отстранети се 60 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на своите активности ќе одржи едукативни работилници во основното училиште „Петар Поп Арсов“ кое се наоѓа на територијата на општина Карпош.

Во недела со почеток во 19 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу ЖРК Вардар и Подравка, Република Хрватска. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top