| четврток, 6 декември 2018 |

За седум дена сите клинички испитувања ако има сомневање дека постои карцином

lekari

За седум работни дена треба да се направат сите клинички испитувања ако постои сомневање дека пациентот има карцином. Ова се предвидува во Клиничката патека за малигни заболувања со која пациентите со карцином ќе имаат приоритет за сите здравствени услуги.

Според надлежните оваа мерка се вметнува во Законот за здравствена заштита бидејќи бројот на болни од рак е во пораст.
– Кај тумор на дојка, на пример, во рок од седум дена мора да се направи ехо, мамографија, биопсија на промената за да се исклучи или потврди малигните заболувања – изјави д-р Игор Стојковски, специјалист по радиотерапија.
Ако се докаже дека станува збор за рак, пациентката ќе има предност за операција и за лекување. Доктор Стојковски од Клиниката за онкологија смета дека поголемата практика за време на специјализацијата ќе им биде од голема корист на идните специјалисти.
– Ќе имаат искуство и сами ќе може да донесат одлука за третман на одреден пациент – додаде д-р Стојковски.
Приоритет за болните од рак и повеќе практика за време на специјализациите се дел од измените на Законот за здравствена заштита. Сите законски измени пред да бидат усвоени од Владата ќе поминат на јавни дебати со лекари и здруженија на пациенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top